Руската ММА ѕвезда Александар Емелијаненко ги одговори на критиките против него.
„Црвениот ѓавол“ верува дека голем дел од критиките доаѓаат од медиумите. Тој е категоричен дека токму медиумите го претворија во антиспортист. Вистината е дека испадите на Александар го направија антиспортист, но тој не се согласува со тоа.
„Критичарите ме забавуваат. Каде и да дува ветер си ги лепат магарињата. Тие веруваат во она што им го кажуваат другите. Ова го прават не само обичните луѓе, туку и професионалните спортисти. Во лице им реков.
Тие гледаат дека сум во добра форма. Целиот мој живот е таков. Пораснав на улица. Ноќе трчав и хулиганчев, дење тренирам, патувам и се борам.
Понекогаш не бев најдобар, но главно печатот ме правеше таков антиспортист. Луѓето не ги интересира култот на семејството, правилниот начин на живот, процесот на тренирање.
Тие сакаат да копаат низ валканите алишта, а моите врати се отворени. Понекогаш учам нешто ново за себе од печатот. Мислам: „Да, тоа е интересно“.
Ако додадете малку бензин, почнуваат критиките“, рече Емелијаненко на прес-конференцијата за промоцијата „Хардкор бокс“.
На 24 септември, Емелијаненко ќе има боксерски меч со Вјачеслав Дацик под знамето Hardcore Boxing.