Четири победи на битолските борци на ГФЦ 8 во Врање (ФОТО)

Натпреварувачите на Нинџицу клубот „Битола“ имаа успешен настап на ММА настанот ГФЦ 8 во Врање, при што извојуваа четири победи.

Дамјан Стојчевски победи во ТКО 1 рудна.

Игор Додевски победи доста добар млад талентиран борец со судиска одлука и на следниот турнир ќе се бори во својата прва профи борба за појас на 66кг на ГФЦ.

Трајче Мицевски дебитира во профи ММА со победа, гушење во прва рунда.

Филип Божиновски победи исто со гушење во прва рунда.

Резултати ГФЦ 8:
1.Милан Стојиљковиќ – Сусан Жељко Р1 (2:38) до 70 кг
2.Убаво Цвеќе – Ѓорѓе Бериќ Р1 (1:21) до 77 кг
3.Дамњан Статус – Милош Радојчиќ Р1 (1:25) до 73 кг
4.Игор Додески – Данило Ристиќ Р3 (судиска одлука) до 66 кг

Професионалци
1.Трајче Мицевскиот – Браво Јотиќ Р1 (1:01) до 66 кг
2.Милан Станковиќ – Никола Стојилковиќ Р1 (0:34)
3.Филип Божиновски – Слаѓан Драгишиќ Р1 (1:58) до 75 кг
5.Стефан Пит Станковиќ – Аднан Босански Хигландер Р1(0:12) над 93 кг
6.Огнот на баба – Арбин Селемани Р1 (2:40) до 76 кг
7.Марко Смиљаниќ – Стефан Манчиќ Р1 (2:38) до 84 кг

„Морам да ја пофалам организацијата која беше екстра во секој поглед и која во иднина ќе биде уште многу подобра“, вели тренерот Сашко Миречевски и додаде:

„Добар настап на сите мои млади борци од кои најстариот е 22 години. Треба да продолжиме со многу работа, тренинг, како и до сега и да се надеваме дека ќе се средат некои работи. Да има барем малку коректен фер-плеј, па и ние имаме некој минимален буџет од државата. Да може еден ден да се радуваме на многу сериозни достигнувања и во ММА и во Џиу џицу и во граплинг.

Сигурни сме дека можеме уште многу повеќе и ќе се бориме тоа да го докажеме на големи натпреварувања“.

Видеото може да го погледнете на овој ЛИНК

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО