Пејџ ван Зант ја предводи борбената карта на БКФЦ во Лондон

Пејџ ван Зант ќе се врати на боксерските натпревари без ракавици. Поранешната ѕвезда на УФЦ ќе биде на врвот на бојното поле на БКФЦ во Лондон на 9 јули. Битките ќе се водат во Александра Палас, а згодната Ван Зант ќе го затвори шоуто, но се уште не се знае против кого.

БКФЦ планира настан и во Ротердам, Холандија, на 6 август како дел од проширувањето на организацијата во Европа. Компанијата која веќе е дел од промотивната куќа „Трилер“ треба да ја објави противничката на Ван Зант во наредните недели, пишува mmafighting.com.

Битката во Лондон ќе биде трета за убавата Ван Зант во организацијата. Таа во моментов има два порази во рингот. Американката загуби со судиска одлука од Рејчел Остович и Бритон Харт.

„Не сум завршила. Знам дека многу луѓе сакаат да видат дека мојата кариера оди по ѓаволите, но тоа нема да се случи“, изјави русокосата за „The Fighter vs. Writer“ пред само три дена. Таа додаде дека поразите тешко и паднале, но се забавувала во рингот на БКФЦ.

Покрај подготовките за боксерски меч без ракавици, Ван Зант треба да се подготви и за своето деби во кечерството, кое треба да се случи подоцна оваа година.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО