Ислам Махачев го заврши Ден Хукер за 2 минути (ВИДЕО)

Ѕвездата во подем во лесна категорија од Дагестан, Ислам Махачев, продолжи да импресионира. Го совалада Ден Хукер на УФЦ 267 во Абу Даби за помалку од три минути.

Ислам трпеливо ја започна средбата и го чекаше својот момент. Хукер го удри, а Махачев ну врати со десен и ја префрли битката на партер. Доминираше на партер и почна да бара начин да го потчини.

Махачев примени кимура на противникот и судијата ја прекина борбата која траеше само 2 минути и 25 секунди. Ова беше експресна 9-та последователна победа за Ислам во УФЦ. Веќе има скор 21-1 во ММА и не е поразен 6 години.

Хукер, од друга страна, се враќа на поразите, а победи само на 1 од последните 4 борби во УФЦ. Махачев во интервјуто по мечот го повика УФЦ да му даде шанса титулата да ја освои и да ја држи долги години.

Резултати – УФЦ 267:
Главна карта
Јан Блачович – Гловер Тешеира
Пјотр Јан – Кори Сандаген
Ислам Махачев – Ден Хукер со завршница (кимура) Р 1, 2:25
Александар Волков – Марцин Тибура (30-27, 30-27, 29-28)
Хамзат Чимаев – Ли Џинглијанг со завршница Р1, 3:16
Магомед Анкалаев – Волкан Оездемир (30-27, 30-27, 29-28)

Прелиминарни:
Аманда Рибас – Вирна Џандироба (29–28, 29–28, 29–28)
Зубаир Тухугов – Рикардо Рамос (29-28, 29-28, 29-28)
Алберт Дураев – Роман Копилов (30-27, 29-27, 29-27)
Елизо Залески дош Сантос – Беноит Ст. Денис со одлука (29–26, 29–26, 29–26)
Михал Олексејчук – Шамил Гамзатов со ТКО Р1, 3:31
Лероне Марфи – Макван Амирхани со КО Р2, 0:14
Андре Петроски – Ху Јаозонг со завршница Р3, 4:46
Тагир Уланбеков – Алан Насименто со поделена одлука (28-29, 29-28, 29-28)

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО