Илхан Озмен поразен со поделена судиска одлука на ЕП

Илхан Озмен настапи прв од македонските репрезентативци на Европското боксерско првенство за млади во Будва, Црна Гора. Озмен загуби со поделена судиска одлука од 2-3 од Фатјон Ручај од Албанија.

„Илхан Озмен покажа добар и цврст бокс, но за жал судиите му доделија победа на репрезентативецот на Албанија“, рече тренерот на репрезентацијата Насер Харуни.

Утре настапува Ајхан Озмен и ќе се бори со Србинот Дарио Томиќ.

Резултати – ЕП 2021, Будва:

51 кг Хади Шехаби слободен 1. коло

63,5 кг Илхан Озмен – Фатјон Ручај (Албанија) 2-3

71 кг Ајхан Озмен – Дарио Томиќ (Србија)

+91 кг Ардијан Аземи – Дмитро Баблиук (Украина)

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО