Конор Мек Грегор застана на нога три недели по кршењето (ФОТО)

Поминаа само 24 дена откако Конор Мек Грегор ја скрши ногата за време на борбата со Дастин Пориер. Но, Ирецот веќе стои на повредената нога.

ТМЗ објави фотографија на која се гледа како Конор Мек Грегор носи бандажер пред хотел во Беверли Хилс … на ногата.

По краткиот разговор со еден пријател, Конор се упати кон теретаната на тренинг.

Се чини дека заздравувањето на Мек Грегор оди брзо, бидејќи повредата се случи на 10 јули.

Поранешниот шампион не застана и во деновите по операцијата објави фотографии како тренира, па дури и присуствува на концерт на Џастин Бибер.

За споредба, голф ѕвездата Тајгер Вудс, која ја претрпе истата повреда пред извесно време – фрактура на тибијата и фибулата, при удар на 23 февруари, се уште е на патерици – 155 дена по несреќата.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО