Волкановски ги покажа и готвачките вештини (ВИДЕО)

УФЦ шампион во перо категорија Александар Волкановски демонстрира светска класа не само во октагон, туку и во кујната.

32-годишниот Австралиец со македонско потекло ја објави првата епизода од сопственото шоу за готвење „Готви со Волкот“, што ќе се емитува на Јутјуб.

Во него, Волкановски подготвуваше течешки стек и јагнеши шашлак, не заборавајќи да ги јаде на крајот од епизодата.

Шампионот ќе ја брани титулата против Брајан Ортега на УФЦ 260, а настанот е на 27 март.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО