БорењеОстанато

Белград догодина е домаќин на најдобрите светски борачи

Белград ја доби организацијата на Светскиот шампионат во борење. Имено, Светската федерација за борење (ОСБ) одлучи да му го даде домаќинството на главниот град на Србија откако Спортскиот арбитражен суд во Лозана и забрани на Русија да ги организира сите спортски натпревари до декември 2022 година поради допинг аферата.

Натпреварот на најдобрите светски борачи требаше да се одржи следната година во Краснојарск, Русија. Белград се кандидираше за Светското првенство во 2023 година, но сега се бара нов домаќин.

Овогодишната светска смотра ќе се одржи во октомври во Осло.

Show More

Related Articles

Back to top button
IPON