Феликс Штурм излезе од затвор, во декември се враќа во рингот

Аднан Чатиќ, попознат како Феликс Штурм, се враќа во рингот по четиригодишна пауза и проблеми со законот.

Тој ќе има камбек борба на настанот на новиот Универзум на 19 декември во Хамбург. Феликс Штурм беше осуден на три години затвор во април за затајување данок.

„Се враќам на своите корени со Универзумот и подготвен сум повторно да одам напред кон врвот на светот“, изјави Штурм за Билд.

Поранешниот светски шампион во средна и суперсредна категорија последната борба ја имаше во 2016 година.

Потоа ја освои титулата на ВБА во супер средна категорија со победа против Федор Чудинов.

Во реваншот Русинот го победи со мнозинска одлука на судиите.

Во текот на кариерата имаше проблеми со допинг и тогаш беше обвинет за затајување данок, а во април беше осуден на три години затвор.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО