Виктор Богданов: Осум медали од Европското првенство не е мала работа!

Sumo boracite od Stip

Несомнено, Македонија има добри предиспозиции во еден нов спорт- сумо борењето. Овој спорт е развиен во 21 држава во Европа. На Европското првенство во Штип, што се одржа викендов, дојдоа мал број репрезентации, само седум, но од нив шест се велесили во сумо борењето. На велесилите одлично им се спротиставија сумо борачите од Македонија, односно од Штип. Македонските сумо борачи освоија осум медали, од нив 3 златни (Давид Мишев, Серхан Шакиров, Дарко Величковски). Освоени се и два сребрени медали: Дарко Иванов и Бобан Савев во сениорска конкуренија, до 85 килограми. Кога сме кај Бобан Савев, тој во финалето се сретна со двократниот светски првак од Бугарија, кому судиите му прогледаа низ прсти. Сепак, второто метсо за Бобан Савев претставува голем успех. Со бронзени медали се закитија Петар Тодев, Дејан Спасевски и екипата до 21 година.

Viktor bogadnov i Boban Savev
„Да се освојат осум медали не е мала работа. Сметам дека успешно ја претставивме Македонија и во овој спорт. Не само што освоивме осум медали, туку бевме и одлични организатори. Засега, имаме одлични сумо борачи во пониските категории и помалите возрасти, но ќе создаваме и сумо борачи и за потешките категории. Сметам дека и државата треба да ни помогне, оти овој спорт, кој е атрактивен и само за неколку секунди се решава победникот, во Македонија е во зародиш, но тој е многу познат во Јапонија, САД…“,- изјави претседателот на Сумо федерацијата на Македонија, Виктор Богданов, кој ја имаше поддршката и од спортските федерации во Македонија, беспрекорно го организираше ЕП.
Сите учесници на ЕП задоволни го напуштија Штип и Македонија. Штип и Македонија го положија испитот дека можат да организираат големи спортски манифестации.

ipon.mk/К.М.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО