Карате: Светскиот првак Антон Кривошеев пронајден во пластична вреќа!

Krivoseev portret

Во ѓубриште е најдено телото на светскиот шампион во карате Антон Кривошеев. Ужасна вест притигна од Новосибирск.

Антон Кривошеев (25), во 2012 година стана светскиот шампион во категорија до 66 кг. Тој мистерионо исчезна на 21 мај, заедно со своето порше. Подоцна, возилото беше пронајдено пред еден супермаркет, но немаше ниту трага од Кривошеев.

Денеска, при расчистување на ѓубриштето кај истиот супермаркет е пронајдено телото на несреќниот спортист. Кривошеев беше завиткан во пластична ќеса, со смртоносни повреди на главата.

Krivoseev porse

Неговите блиски тврдат дека немал непријатели, едноставно излегол од дома и повеќе не се вратил. Но, низ градот веќе кружат информации дека тој се бавел со некаков бизнис, кој многу брзо му го донел новото порше.

 Krivoseev so pehar

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО