АктуелноБоксОстанато

Гоце Јанески со победата над Џиниќ обезбеди бронза на Балканското бокс првенство (ФОТО)

Гоце Јанески го совлада репрезентативецот на Србија, Филип Џиниќ, во четвртфиналето на Балканското првенство во бокс за сениори во Анталија – Турција.

Јанески во категоријата до 75 килограми славеше на поени со 3-2, а со тоа обезбеди место во полуфиналето и борнзен медал, каде што ќе се бори со Бесрат Пирева (Косово) кој настапи на годинашниов „Златен гонг“. Полуфиналето е во петок.

Вечерва настапува и Арсим Етеми (-81 кг) и ќе се бори со Бирол Ајгун од Турција.

Утре ќе се бори Јасин Лама (-63 кг) против Георге Димитреску од Романија.  

Ipon.mk

Show More

Related Articles

Back to top button
IPON