Френсис Нгану навести повлекување од УФЦ

По добиените три последователни борби со два прекина во првата рунда над двајца поранешни шампиони, Френсис Нгану смета дека е време да се бори за титулата.

Сепак, УФЦ веќе го планира следниот шампионски меч и тоа е меѓу Стипе Миочиќ и Даниел Кормиер, кој го става „Предаторот“ на чекање, а неговата трпеливост е при крај.

„Побарав шампионски меч. Ми рекоа дека ќе направат трилогија меѓу Стипе и Кормиер. Но, не знаат точно кога, бидејќи Миочиќ се опоравува од повредата на окото”.

Нгану е толку лут на УФЦ и има намера да се повлече од организацијата откако ќе му истече договорот.

„Имам опции. Едноставно не можам да останам на таа позиција“.

Сепак, Камерунецот изјави дека е заинтересиран за дуелот против новиот извонреден тешкаш Жерзињо Розенструик.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО