Вајлдер: Џошуа само трчаше по рингот и беше како Кличко

Битката меѓу Ентони Џошуа и Енди Руиз во Саудиска Арабија го привлече вниманието на светот, а по исходот од неа коментарите беа доста различни.

Откако му ги одзеде титулите на Џошуа во првата борба, поранешниот шампион се бореше повнимателно и успеа да победи со судиска одлука.

Сепак, дуелот не им се допадна на многумина и еден од нив беше Дионтеј Вајлдер.

Шампионот на ВБЦ го поддржа Руиз, но Џошуа го користеше движењето и чист бокс по рунди, а кога го напаѓаше Руиз тој влегуваше во клинч.

„Џошуа го направи она што требаше да го стори за да победи. Трчаше по рингот и се возеше со својот велосипед. Тренираше со Кличко и стана Кличко – со тој лев диркет и гушкањето (клнчот).

Да бев на негово место немаше да с еброам така, по поразот во Руиз. Јас би сакал да му покажам на светот дека сум најдобриот и никој не е блску до моето ниво. Така се докажува дека сте најдобри. Џошуа имаше многу шанси да ја заврши средбата. Но, тој беше многу колеблив.

Психичката состојба на Џошуа беше да преживее. Тоа е метод на Кличко. Мојата психа е на ѕвер, воин, крал, император “.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО