Почна хуманитарниот таеквондо турнир „Борба за хуманост“

Свечено е отворен хуманитарниот таеквондо турнир „Борба за хумансот“ во организација на ТК Кобра во Општина Гази Баба.

На овој турнир учествуваат сите клубови членки на Федерацијата, вкупно 130 натпреварувачи во младински категории, пионери, кадети и јуниори. Овој турнир е дел од официјалниот турнирски систем на натревари во МТФ, истиот носи бодови за официјалниот ранкинг при МТФ согласно правилникот за бодување на МТФ.

Присутните може да уживаат во борбите на олимпиското таеквондо!

Турнирот се одржу во спортската сала „Крсте Мисирков“ во Општина Гази Баба – Скопје.
Собраните средства ќе бидат донирани во СОС Детско село.

Ipon.mk

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО