Нов скандал: Џон Џонс осомничен за сообраќајка и бегање од местото на несреќата!

Jon-Jones

Џон Џонс е осомничен за вмешаност во сообраќајна несреќа и за бегање од местото на несреќата во Албакерки, Њу Мексико! Веста беше потврдена од страна на полицијата.

 Џонс со автомобилот удрил во автомобил на жена која имала околу 20-тина години и била бремена. Жената е однесен во болница и е со полесни повреди.

 Џон се уште се бара за испрашување. Полицијата не го најде дома, стои во полицискиот извештај.

 Полицијата се јавила и на адвокатот на Џонс, но и тој не одговорил на повикот.

„Да, Џон Џонс е осомничен и се надеваме дека ќе контактира со нас за да ни ја раскаже својата страна на приказната“, изјави портпаролот на полициска станица во Албакерки, Симон Дробик, за MMAFighting.com.

 Џонс за 23 мај има закажано борба со Ентони Џонсон на УФЦ 187. Некои луѓе кои биле во близина на местото на несреќата во неделата вечерта на Твитер напишаа дека паднала одбраната на титулата на Џонс против „Rumbl“. Менаџерот на Џонс, Глен Робинсон, рече дека не слушнале ништо за откажување на мечот.

 27-годишниот шампион веќе имаше проблеми со законот. 2012 година беше уапсен за возење во пијана состојба, а во декември минатата година падна на ненајавениот допинг тест за конзумирање на кокаин.

 УФЦ излезе со официјална изјава:

 „Ние сме свесни дека Џон Џонс го бара полицијата за да се расветли сите детали за несреќата во која учествуваше Џонс. Во моментов сме во процес на собирање на информации и нема да даваме коментари се додека не се разреши целата ситуација“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО