Ристо Димитров се враќа во кафезот по двегодишно отсуство против Михајло Рајиќ во Нашице

По двегодишна пауза повторно ќе го видиме битолчанецот Ристо Димитров – Чурино во  кафезот. Димитров на 8 јуни се бори против Михајло Рајиќ на Импакт фајт најт во Нашице, со што го најваува неговото враќање боречката сцена.

„Овие две години бев презафатен во УФЦ ГСМ Оман како тренер и менаџер за настани, ама сепак тренингот не изостана, тренирав со едни најдобрите стенд ап и граунд борци, професионални боксери, кикбоскери, ММА борци, како и неколку џудо и џиу џицу црни појаси. Мојата борба и техника ги донесов на друго ниво, сега сум подобрен во секој сегмент на борбата, како во стенд ап, така и на земја“, вели Димитров за Ипон.мк.

Неговата последна борба беше во 2017 година на ФФЦ во Атина, каде што загуби од холандскиот борец Робин ва Росмален, познат кик боксер кој сега гради успешна ММА кариера. По оваа борба Ристо заминува во Оман како тренер.

„Мојата последна борба беше во февруари 2017 против Робин Ван Росмален кој сега потпиша за Белатор и наскоро ќе го гледаме и во УФЦ. Му честитам, добар и посветен борец. Сега по две години и неколку месеци се враќам назад против млад и силен борец од Србија, Михајло Рајиќ. Стенд ап борец и добар боксер. Подготвен сум и за стенд ап и за борба на партер, па сега ќе видиме, нека победи подобриот“, објаснува Димитров.

Дали во иднина почесто ќе го гледаме во кафезот или ова е само издвоен настап за битолчанецот, Димитров вели:

„Во иднина планирам уште една до две борби до крајот на годинината во Хрватска,а од јануари 2020 година и во Азија. Секако дека ќе ме гледате се почесто во кафезот и рингот, но и во неколку други спортови во кои планирам активно да се натпреварувам во наредните две години“.

Димитров се надева дека идната година ќе дојде и во Македонија, бидејќи сега е со семејството во Оман и планира овие две години да ги помине на некои поегзотични места во неговата близина.

„Ги поздравувам сите мои поддржувачи и обожаватели од Македонија и светот, како и сите читатели на Ипон.мк“, нагласи популарниот Чурин.

Ipon.mk

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО