Четворица каратисти на Премиер лигата во Шангај

Македонските каратисти Емил Павлов, Ненад Келебиќ, Берат Јакупи и Пуликсенија Јованоска викендов ќе настапат на Карате 1 Премиер лигата во Шангај – Кина.

Нашите репрезентативци ги водат тренерот на репрезентацијата Сашко Арсовски и Јован Лазарев.

Во секоја категорија настапуваат најдобрите 64 каратисти во светот, а на настапите на Премиер лигата се собираат поени за олмписка норма за Токио 2020.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО