Мајк Тајсон: Од 12 години ме учеа да претепувам луѓе!

Еден од најголемите светски боксери Мајк Тајсон, познат и како „Железниот Мајк“ даде емотивно интервју за британските медиуми за животот во и надвор од рингот.

„Цел живот уште од кога имав 12 години ме учеа како да претепувам луѓе, да ги скршам, да ги понижам. Но, сепак, бев само исплашено дете“, раскажува Тајсон.

Тој воопшто не крие дека гризењето на увото на боксерот Ивандер Холифилд беше голема грешка.

„Кога од оваа перспектива ќе погледнам на тоа, се направив погрешно. Цел живот, однесувањето, делата кои ги правев и во и надвор од рингот се лоши“, смета Мајк Тајсон.

Мајкл Џерард „Мајк“ Тајсон, исто познат и како Малик Абдул Азис е роден на 30 јуни 1966 година во САД. Тој е еден од најголемите шампиони во тешка категорија и најмлад носител на титулите во верзиите на ВБЦ, ВБА и ИБФ. Тој е рангиран како број 16 на списокот на најдобрите 100 боксери на сите времиња, направен од списанието „Ринг“. 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО