Вајлдер ги испланира следните три меча пред борбата со Џошуа

Љубителите на боксот ќе мора подолго време да причекаат на мечот меѓу Дионтеј Вајлдер и Ентони Џошуа.

ВБЦ шампионот на 18 мај против задолжителното предизвикувач Доминик Бризил по девети пат ќе ја брани титулата во тешка категорија.

Неговиот менаџмент ги испланира следните две борби потоа.

Имаше информации дека 33-годишниот Американец повторно би можел да се бори против Луис Ортиз, кого го нокаутира во возбудлив меч во март 2018 година.

По кубанскиот нокаутер Вајлдер планира да се бори со популарниот непоразен полски тешкаш Адам Ковнацки, што значи дека посакуваната пресметка со Џошуа не може да се случи порано од почетокот на 2021.

Таа информација ја потврди промоторот на Џошуа, Еди Херн.

„Сите во овој бизнис ми велат дека и Вајлдер и на сите други боксери им е кажано дека неговите следни борби се со Ортиз и Ковнацки. Тоа ме загрижува, бидејќи единствената следна борба која ја сакаме е онаа со Дионтеј. Тие имаат план да се борат со тие момци“.

Другиот шампион во тешка категорија, оној кој држи повеќе појаси, Џошуа, на 1 јуни во Њујорк ги брани ВБА, ВБО, ИБФ и ИБО титулите. Откако Џарел Милер падна на допинг тестот, најверојатено следен противник е поранешениот предизвикувач за титулата Енди Руиз Јуниор.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО