Шоров открива скандал: Македонска репрезентација во борење на Европското првенство?!

Нешто што сите го видоа пред Европското првенство во борење и го премолчеа синоќа го објави олимпиецот и еден од најодбрите макеоднски борачи, покрај Шабан Трстена и Шабан Сеиди, Зоран Шоров. Имено, на подготовки во Букурешт, Романија, беше македонската репезентација предводена од тренерот Љуљзим Вранези, како и репрезентативците Елмедин Сејфулаху и Фати Вејсели.

Тие учествуваа на Европското првенство во борење каде што Македонија натурализираниот Владимир Егоров во категоријата до 57 килограми освои бронзен медал. Сејфулаху го освои петто место, а она што го направи дел од селекција е скандалозно. Вренези ја објави фотографијата со албанското знаме на Фејсбук со други борачи (Албанци). По реакциите, фотогрфијата беше симната.

Сепак, македонската боречка легенда Зоран Шоров ја објави фотографија на својот ФБ профил и до која напиша „македонската репрезентација во Букурешт“, притоа се отвори сериозна дебата се отвори. Легендарниот борач посочи дека со објавената слика немал намера некого да провоцира туку… „Само сакам да кажам дека ова е дел од македонската селекција, која треба да си ја почитува земјата од каде доаѓа“, објаснува Шоров, додавајќи: „Нема ништо националистички. Јас имам посебна почит кон Албанците во Македонија, ние сите треба да си ја сакаме државата од која припаѓаме“.

Вакви или слични инциденти имаше повеќе. Секој треба да се гордее со своето потекло, но не и да ја понижува државата и федрацијата која го финансира настапот на спортистите. Колку што можеше за забележиме ниту освојувачот на бронзата Владимир Егоров ниту Могамедгаџи Нуров го истканаа руското знаме?!

Сега останува да се види како ќе реагира Федрацијата за боречки спортови на Македонија (ФБСМ), но и Агенцијата за млади и спорт, која еднаш го премолче инцидентот со боксерите на „Златен гонг“, кога македонски репрезентативец и Косовец, после борбата заеднички со по една рака гестикулираа „летање на орел“.

Егоров со селекторот Љуљзим Вранези беше и на прием во Агенцијата за млади и спорт. Со резултатот постигнат во Букурешт, Владимир Егоров се стекна со стипендијата од светска категорија, односно, во наредните четири години ќе добива месечен износ од две просечни нето плати.

„Агенцијата за млади и спорт е горда на нашите борачи кои се вратија со високи резултати од последното Европско првенство во борење во Букурешт Романија. По пауза од една деценија, Северна Македонија повторно се враќа на европската боречка сцена како еден од фаворитите за освојување медали. Очекувам во наредните години Егоров, Елмедин Сјфулау и Могамедгаџи Нуров да бидат столбот на македонското борење и да донесат уште поголеми резултати, а ние како Агенција сме секогаш тука дадеме поддршка за уште поголем успех на нашата држава“, изјави Дарко Каевски при приемот на борачите.

Од друга страна, и да проговорат како е можно еден борач да настапува за два различни клубови по истекот на преодниот рок и други работи кои негативно се одразуваат на макеоднското борење?

Поради злоуптребата на статусот во политички цели Шоров го симнал од својот профил.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО