Шамипонот што го исполни ветувањето спрема болната мајка (ВИДЕО)

Чарли Едвардс трипати се збогуваше со неговата болна мајка Тери пред да отиде на операција на мозокот. Интервенција, при што шансите да преживее беа 50-50. Таа три пати ја доби битката. Боксерот од Лондон беше таму пред 18 месеци и рече: „Ако е време да заминеш, повеќе не се бори“. Пред да ги каже овие зборови му бил потешко од кога и да е досега.

Мајката на Едвардс долгоги години се бори со ракот, добива крварење (излив) на мозокот при рутинска магнетна резонанца. Секогаш го инспирираше и го поддржуваше 25-годишниот боксер во перо категорија не само во рингот, туку и надвор од него.

Две години Едвардс напорно тренираше и ја чекаше втората шанса да ѝ даде ветување – да стане светски шампион. Го постигна тоа на крајот од минатата година – три дена пред Божиќ. Во текот на викендот за прв пат ќе го брани појасот на 50 килограми.

Во 2006 година, Едвардс ја пропушти првата шанса, отстапувајќи му ја ИБФ титулата на Филип Касимеро.

„Toгаш мајка ми беше многу болна и не можеше да дојде на мечот, а не знаев уште колку ќе живее. Пред да и се влоши состојбата, таа ме натера да ветам дека што и да се случи, ќе продолжам да боксирам и еден ден ќе станам светски шампион. Нема да го заборавам тоа, а се уште се наежувам кога ќе се сетам на нејзините зборови“, вели боксерот.

Пред вториот меч за титулата во категоријата – против Кристофер Росалес во декември 2018 година, Чарли разбрал од сестра му дека мајка и ќе присуствува на дуелот.

„Тоа беше одлична вест. Таа е најголемиот борец, кого го познавам. На три пати помина низ мозочни операции и се справи… Тажно е што така се наредија картите. Едвај ќе дочекав да бидам толку мотивиран да стигнам до врвот, ако не беше таа. Мило ми е што успеав да си го одржам зборот. Затоа и бев толку емотивен по последниот удар во гонгот“.

Сепак, неговата мотивација не е различна. „И покрај светската титула, не се чувствувам целосно задоволен. Таа не промени ништо и не сакам да претерувате со славењето. Еден сон ми се оствари, но останува другиот – да ги освојам појасите во различни категории“, вели Едвардс.

Ова е цел што неговиот брат Сани сака да ја постигне, кој е професионален боксер.

„Често правиме спаринг со него, а никогаш не сме лути еден на друг за она што се случило во рингот. Имавме братски спорови, кои потоа ги заборававме. Се поддржуваме за се. Никогаш не гледавме на боксерските мечеви религиозно. Едноставно, од мали бевме опседнати со идејата еден ден да бидеме светски шампиони. Немаше победник во нашите битки, освен на Плејстејшн и Иксбокс“, вели Чарли Едвардс.

А приказната за втората титула е поврзана со борбата со здравствените проблеми на неговата мајка, но и борба со сопстевните мисли. Две години мачење.

„Моментите на радост во соблекувалната, кога покажувам појасот на мама, се целосно реални. Нема како да ја искажаеш вистинската љубов. Затоа е толку убава. Ја ветив оваа титула пред многу време. Патот беше полн со подеми и падови, имаше многу емоции. Се радувам што успеав да одржам мојот збор“.

“Во денешно време секој се прави на Тошо. Најважно е да бидеш свој. Сега сум светски шампион и среќен што мајка ми повторно е дома. Се чувствувам благословен што повторно можам да ја видам среќна. Сепак, би ги дал сите титули, за целосно да се излечи“, вели Едвардс.

.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО