АктуелноМеѓународна сценаММА

Филиповиќ му го смени личниот опис на Гонзага!(ВИДЕО)

gonzaga LICEN OPIS

Голем број исеченици на лицето како и итна посета на болницата поради сомневање на потрес на мозокот, се последиците со кои се соочи бразилскиот ултимејт-фајтер, Габриел Гонзага, по синоќешната борба против Мирко Филиповиќ, која заврши со сигурна победа на популарниот Кро Кап.

Filipovi-i-Gabriel

Ударите на Хрватот биле брутални, пред сѐ тие со лактите, поради што челниците на УФЦ-федерацијата не сакале ништо да ризикуваат, па го пратиле неговиот противник на детални прегледи во една од локалните болници во полскиот град Краков, каде што се одржи мечот. Исечениците биле истретирани со десетина конци, додека резултатите од снимањето со компјутерска томографија сѐ уште се очекуваат, поради што на Гонзага му е препорачано мирување.

https://youtu.be/BwpE05Dmqb4

Show More

Related Articles

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Back to top button
IPON