Излезе официјалниот плакат за Волкановски-Мендес на УФЦ 232

Излезе официјалниот плакат за средбата на Александар Волкановски (18-1) со Чад Мендес (18-4) на УФЦ 232 на 29 декември.

Волкановски кој по потекло е од битолско живее во Австралија. Тој е една од новите ѕвезди на УФЦ и е во серија од 15 последователни победи, но се уште е само 10 на ранг-листата на перо категорија. Но сè може да се промени за неколку дена на УФЦ 232 кога ќе се сретне досега со својот најтежок противник – поранешниот кандидат за титулата Чад Мендес.

Мендес два пати се бореше за титулата и неодамна се врати по долго отсуство. Тој е број 5 во категоријата и е одлична можност за Волкановски да скокне уште повеќе на ранг листата. Алекс нема да го потцени и ќе ја искористи најголемата шанса рече во едно неодамнешно интервју:

„Сакав претходно оваа година да се борам, но од УФЦ ми рекоа дека морам да почекам и го направив тоа. Потоа ми ја дадоа оваа борба против Чад Мендес и тоа е одлично, бидејќи е едно од најголемите имиња во категоријата, а можеби и најголемото име. Во моментов тоа е број 5 и ова е уште подобро. Битката е од големо значење за мене, не можев да верувам дека навистина се случува. Не можам да дочекам да ја искористам оваа прилика.

Гледам победа во првата рунда во оваа пресметка, бидејќи стиловите ги прават борбите и јас ќе го нокаутирам на почетокот. И да ме собори, јас брзо ќе се исправам и тој би се исправил брзо, бидејќи имаме кратки нозе и тоа го прави станувањето многу полесно.

Луѓето се возбудени и сакаат да ја гледат битката. Мислам, дека ќе победам со брутален нокаут. Во оваа борба има голем ризик за него, бидејќи јас сум број 10 и наградата е мала, а ризикот е голем за него. Верувам дека сум најдобар во категоријата и сум закана за сите. Луѓето кои знаат се упатени во боречките спортови знаат дека сум вистински борец.

Мислам дека сум подобар во се од Чад Мендес, а тоа е огромна борба во која ќе експлодирам. Верувам дека по оваа победа ќе влезам накартичката за титулата, а тие рангирања не значат ништо. Дефинитивно, моето име влегува во разговорите за титулата, секако, со победа над Чад Мендес“.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО