АктуелноМеѓународна сценаММА
Конор Мек Грегор го нападна татко му на Хабиб, нарекувајќи го страшливец
Поранешниот шампион во лесна категорија Конор Мек Грегор ќе се сретне со актуелниот шампион Хабиб Нурмагомедов на 6 октомври во Лас Вегас, но непријателствата меѓу нив не запираат.
По се она што се случуваше за време ма УФЦ 223 и судската разврска потоа, неодмана на оганот бензин додаде таткото на Хабиб Абдулманап изјави дека никој не е во можност да му помогне на Мек Грегор во подготовките за УФЦ 229, a денес Ирецот одлучи да му одговори на овој „страшливец“:
Абдулманап Нурмагомедов може да те видам. Се криеш зад лажна почит, како твојот син. Трепериш страшливецу.
https://www.instagram.com/p/Bm3bcH3gPFh/?utm_source=ig_embed
Снимката што ја искористи Мек Грегор во неговата објава е неговиот напад, при што се гледа исплашеното лице на Хабиб.




