Живко Тасевски промовиран за носител на мајсторски појас 8-ми дан!

Zile prima prizanie od Turcite

За 45 години активно вежбање карате сенсеи Живко Тасевски е промовиран во носител на мајсторски појас 8-ми дан од Светската шотокан федерација за време на големиот Меѓународен турнир „Туркиш опен 2015“ во  Истанбул, Турција, изминатиов викенд.

Признанието му го доделија Хајретин Намурчу и Егземен Ташдемир, а е потпишано од претседателот на Светската шотокан федерација, Кака Басилја, за активно вежбање и практикување на изворното карате, како и афирмација и популаризација на шотокан до.

Priznanieto za zile

Тој се здоби со уште една титула-шихан (прв човек во органозацијата или пример за другите) на Шоторју Казе ха карате до академијата на Македонија.

Тасевски вели дека такво нешто не очекувал и затоа бил пријатно изненаден. Но, тие му кажале дека цело време ја следеле неговата работа.

-Признанието што го одбив од лидерите на Светската шотокан федерација е мотив повеќе да продолжам да работам во изворното карате шоторју Казе ха и спортското карате, каде што за сите овие години се освоени 6.300 медали, од најмалиот турнир до најголемите свестки приредби, – рече Тасевски и додаде дека е задоволен од успехот на новата генерација на клубот.

Zile go odbiva priznanieto od Simona

Живко Тасевски е тренер на Јошитака од Скопје. Почнува да вежба во секцијата на Партизан 3, која во 1992 година, поради законските промени, се преригистрира во Јошитака. Клубот е формиран во 1967 година и е еден од најстарите во земјава.

ipon.mk/В. Д.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО