Бени Османоски го нокаутира Жереми Сергеј, на 16 декември ја брани светската титула (ВИДЕО)

Синоќа со нокаут во втората рунда Бени Османоски извојува победа на настанот Фајт најт во Фолкенвилтс во Швајцарија во К-1.

Османоски прво го прати во нокдаун Жереми Сергеј (Франција), потоа се исправи и уште еднаш се најде на подот, по што веќе не стана.

Сепак она вистинското следи на 2 декември на Кинг оф кингс во Латвија против Станислав Макаренко кој е во топ кикбоксерите во светот.

https://www.facebook.com/venco.donev/videos/1625767464135975/

Но, во декември следи уште една борба, односно на 16 декември во Сент Гален, Швајцарија, по четврти пат ќе ја брани светската титула во ВКУ.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО