КФМ го изедначи коефицинетот на Државното и Балканското првенство

 

Карате федерацијата на Македонија (КФМ) ги изедначи коефициентот на Државното првенство и на Балканското првенство за кадети, јуниори и јуниори до 21 година, и за двете натпреварувања е два (2).

Оваа одлука е донесена на седницата на Извршниот одбор на КФМ на 4 ноември.

Од друга страна, бодувањето ќе биде како и на ВКФ натпреварите, односно 100 бода за прво место, 70 за второ и 40 трето. Оваа измена ќе влезе и во Правилникот за избор на репрезентативци.

Државното првенство за кадети, јуниори и јуниори до 21 година ќе се одржи на 19 ноември 2017 година во спортската сала на ОУ „Наум Наумовски-Борче“.

Критериумски натпревари за учество на Европското првенство за кадети, јуниори и јуниори до 21 година ќе бидат Државното првенство и Балканското првенство.

Државото првенство за сениори ќе се одржи викендот на 24 / 25 февруари 2018 година.

Критериумски натпревари за учество на Европското првенство за сениори ќе бидат Државното првенство и Балканското првенство, кои ќе се одржат во 2018 година.

Ipon.mk/В.Д.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО