Димитар Ѓоргиев обезбеди бронза, на ред е финалето на Светското кик бокс првенство

Трикратниот свестки првак Димитар Ѓоргиев (-74 кг) со победата над Гркот Алекасндрос Вагијанос од 3-0 обезбеди најмалку борнзен медал на Светското сениорско првенство во кик бокс во Будимпешта, Унгарија.

Ѓоргиев во полуфиналето на кик лјат дисциплината ќе се сретне со Марек Карлик (Словачка), така што си го отвори патот да јуриша на четвртата светска титула. Тој е единствениот македонски кикбоксер што освојува медал на Светското првенство.

 Кик лајт
-74 кг Димитар Ѓоргиев – Кристоф Каезер (Швајцарија) 2-1
-74 кг Димитар Ѓоргиев – Алекасндрос Вагијанос (Грција) 3-0
-74 кг Димитар Ѓоргиев – Марек Карлик (Словачка)

Да потсетиме дека на претходното во 2015 година во Белград Македонија освои два златни и еден бронзен медал.

Петре Велков во К-1 загуби од Олександар Украинец од Украина со 0-3 и така остана без медал, додека Јетмир Емрули во првиот настап загуби од Хрватот Бруно Нинчевиќ со 0-3.

К-1
-67 кг Петре Велков – Бен Вотсон (Велика Британија) 3-0
-67 кг Петре Велков – Олександар Украинец (Украина) 0-3
-75 кг Јетмир Емрули – Бруно Нинчевиќ (Хрватска) 0-3

Ipon.mk/В.Д.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО