Миочиќ: УФЦ е повеќе забава отколку спорт

Шампионот во тешка категорија на УФЦ е лицето на организацијата. Титулата во моментов ја држи Стипе Миочиќ, кој двапати ја бранеше. Но тој не се борел од мај кога го победи Жуниор дош Сантос на УФЦ 211. А на згора ја нема закажано наредната борба.

По се изгледа дека шампионот чека да ги заврши разговорите за подобар договор со организацијата, очигледно е дека не е  задоволен со хонорарите од претходните две борби во кои славеше, а заработија повеќе пари од него.

Се шпекулаираше дека Миочиќ може да добие повеќе пари ако почне да зборува повеќе пред средбите, како и другите борци на организацијата.

„Ако тоа е она што го сакаат, нема да го направам тоа. Не сум таков човек. Јас излегувам и се борам, правам добро шоу за фановите. Тие сакаат тоа да видат. Работев премногу напорно за да станам шампион и нема да ја дадам оваа титула. Мислам дека сето ова почна повеќе да станува забава отколку спорт“.

Сепак Миочиќ го следи примерот на Конор Мек Грегор и два пати го предизвика Ентони Џошуа на бокс меч.

„Едноставно, мислам дека ќе биде интересно. Преходно имам боксирано, знам како стојат работите. Знам дека сум добар и ќе биде интересен предизвик за мене“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО