Џошуа: Прво ќе се борам со Пулев, а потоа со Ортиз

„За жал, Владимир Кличко ја прекина кариерата и иако се надевав на реванш, морам сега да се свртам кон задолжителните предизвикувачи“.

Ова го изјави светскиот боксерски шампион во тешка категорија на ВБА и ИБФ Ентони Џошуа. Британецот потврди дека неговиот следен ривал ќе биде Бугаринот Кубрат Пулев.

„Речеиси пред една година се согласивме со Пулев кој е официјален предизвикувач, додека со Луис Ортиз зборуваме пред два месеци. Договоорт со Пулев е дека тој ќе биде мојот следен противник, ако немам реванш со Кличко. По Пулев може да преговараме со Ортиз“, изјави Џошуа.

„Ќе се борам против двајцата предизвикувачи. Луѓето велат дека сакаат да се борат со мене, но тие навистина ги сакаат парите што ќе им ги дадат за таков меч. Ако некој е толку нестрплив и не сака да се бори против мене, нема проблеми – дозволете ми да го земам појасот, се додека се работи за правила, нема проблем за мене“, додаде Британецот.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО