Мек Грегор нокаутиран на спаринг мечот (ВИДЕО)

Конор Мек Грегор бил нокаутиран за време на спарингот, подготовувајќи се за мечот против Флојд Мејведер. Ова го откри бокс ѕвездата во полусредна категорија Џеси Варгас. Тој ја добил сензационалната вест од учесник на тренинг кампот на Конор, но не го спомена изворот. 

„Веќе еднаш го нокаутира за време на спаринг. Боксерски свет е мал. Ние сме еден затворен круг. Слушнав го ангажирале Брендон Риос, но го нокаутирал Конор, па морале да го тргнат од вториот камп“, изјави Варгас.

Риос во кариерата има 34 победи и 3 порази. Во 2015 година боксираше против Тимоти Бредли за титулата светски првак на ВБО во последниот голем меч во неговата кариера, но е поразен со технички нокаут. Во 2011 година стана светски шампион во помалку познатата ВБА верзија, за во 2013 година да боксира против Мани Пакијао во мечот за обединување на титулите, но загуби со едногласна одлука на судиите.

.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО