АктуелноМеѓународна сценаММА

Жорж Сент Пјер за титулата против победникот од мечот Вудли-Маја

Познати се новите планови за повратничката борба на поранешниот шампион во велтер категорија на УФЦ, Жорж Сент Пјер.

Наместо првично планираниот меч со шампионот во средна категорија Мајкл Биспинг, 36-годишниот Канаѓанец во првата борба по четири години повторно ќе се обиде да стане шампион во категоријата до 77 килограми.

Тајрон Вудли го брани појасот против Демијан Маја на УФЦC 214 во Анахејм на 29 јули. Во главната борба на вечерта по втор пат ќе се борат Даниел Кормиер и Џон Џонс.

Борбата меѓу ЖСП и победникот од дуелот Вудли-Маја би можел да се одржи во Њујорк во ноември.

Show More

Related Articles

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Back to top button
IPON