Канело и ГГГ и го „земаа“ датумот и го одложија мечот Конор-Флојд

Сол Алварез и Генади Головкин го закажаа нивниот меч за 16 септември, што претсатвува голема вест за светскиот бокс, но испаѓа дека тоа е голема пречка за средбата на другите двајца великани – Флојд Мејведер и Конор Мек Грегор.

Лично претседателот на УФЦ, Дана Вајт, откри дека истиот датум била предвиден и за боксерскиот судир меѓу Флојд и Конор.

„Штотуку изгубивме датумот од Канело и ГГГ. Но, тоа ќе биде добар меч. Ќе бидам таму“, изјави Вајт за медиумите по средбата меѓу Канело и Хулио Цезар Чавез.

Тој изјави дека очекува од интригантниот дуел меѓу Алаврез и Головкин.

„Канело изгледаше многу добро вечерва. Просто неверојатно. ГГГ е забавен тип и е од оние луѓе кои боксот има потреба. Мечот ќе биде забавен. Навивачите го сакаа овој дуел. Тоа ќе биде вистински судир. И навистина интересен“.

.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО