Сент Пјер за сминувањето на килжата пред меч: На крај некој ќе умре!

Симнуваањето на килограми е контроверзна тема во боречките спортови, како што се ММА и боксот.

Често борците се подложуваат на нечовечки работи за да влезат во соодветната категорија, што ги доведува во сериозни здравствени ризици. Последниот пример за тоа е Хабиб Нурмагомедов, кој беше примен во болница, а мечот со Тони Фергусон пропадна.

Големиот Жорж Сент Пјер се произнесе во однос на оваа темата, истакнувајќи дека порано или подоцна некој ќе умре, ако тоа не се промени.

„Не сум фан на симнувањето на килограмите. Секогаш сум давал приоритет на моето здравје, а не на моето претставувањ. Верувам дека новото мерење наутро пред натпреварот е лоша работа. Луѓето тоа го прифаќаат како шанса да симнат повеќе килограми. Тоа е лоша работа. Му реков и на Дана кога го видов дека за мене тоа не е убаво“.

„Тоа треба да се промени. Во спротивно, некој ќе умре. Некој ден тоа ќе се случи и сите ние ќе бидеме во афект. Тоа е многу лошо за здравјето. Има одреден процент хидратација во твоето тело, која е од критична важност. Ако ја поминеш оваа точка, може и да умреш. Многу е опасно“.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО