Дејан Богданов: Со пионерското и У-23 во Прилеп почнува серијата на изборни првенства

Во недела, 12 февруари, во Прилеп,покрај Изборното првенство за помлади сениори У-23, ќе се одржии Изборното првенство за пионери. Во пионерска конкуренција можат да учествуваат деца родени 2002-2004 година.


„Борачите ќе се борат на два душека. Овие две изборни првенства се најава и на другите, кои следуваат во идните недели. По една недела ќе се одржи и Изборното сениорско првенство. Во многу клубови се формираа и сениорски екипи“, изјави потпретседателот на ФБСМ, Дејан Богданов, додавајќи дека и во Балканец имаат борачи за сите возрасти, а работат под раководството на двајца професионални тренери, со кои клубот има потпишано договори.

„Традицијата на најтрофејниот спорт ја враќаме. Нашите најдобри борачи во иднина ќе учествуваат и на сите позначајни меѓународни првенства. Токму во недела, во Прилеп треба да ја одредиме репрезентацијата која ќе учествува на ЕП до 23 години“, истакна Дејан Богданов, кој е и тренер во Балканец.
Инаку, Дејан Богданов истакнува дека во недела Балканец ќе патува со автобус, полн со борачи. Ќе настапат околу 25, а другите ќе ги следат борбите и ќе навиваат за своите клупски другари. Со нив ќе патуваат и лекар и физиотерапевт. Во текот на идните денови борачите на Балканец ќе добијат и комплетна спортска опрема.

Ipon.mk/В.Д.-К.М.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО