Мачида убедлив против Долавеј

Lioto Macida

Во главната улога на УФЦ фајт најт во бразилската Баруери се најдоа Лиото Мачида и Ц.Б. Долавеј. Мачида беше уверлив и за победата му беше доволно само една минута да се бори.

 По поразот во битката за титулата во средна категорија, Мачида до победите доаѓа на убедлив начин. Еден удар во телото, а потоа следните неколку удари беа премногу за Долавеј, на кого ова му беше шести пораз во кариерата.

 Во во поднасловната борба до победа дојде Ренан Барао, кој со приклештување во третата рунда го победи Мич Гангон. На ист начин победи и Ерик Силва, кој беше подобар од Мајк Родос.

 До 11 победа во низа дојде Рашид Магомедов кој победи со прекин во третата рунда против до тогаш непоразениот Илија Силверија.

 Патрик Каминс дојде до третата победа во низа, под покровителство на УФЦ, со едногласна одлука на судиите против Антонио Карлос Жуниор.

УФЦ најт фајт 58:

 Лиото Мачида- Б. В. Долаве (ТКО, Р1)

Ренан Барао-Мич Гангон (со приклештување, Р3)

Патрик Каминс – Антонио Карлос Жуниор (со едногласна одлука на судиите ,30-27,30-27,30-27)

Рашид Магомедов- Илија Силверио (ТКО, Р3)

Ерик Силва – Мајк Родос (приклештување, Р1)

Даниел Сарафиан – Антонио Дош Сантош (TKO, Р2)

Маркос Рожеиро де Лима – Игор Покрајац (TKO, Р1)

Ренато Карнеиро – Том Ниинимаки (давење, Р2)

Хакран Дијаз – Дарен Елкинс (со едногласна одлука на судиите , 29-28,29-28,30-27)

Ленадро Иса – Јута Сасаки (со давење, Р2)

Тим Минс – Марсио Александар Жуниор (поделена одлука на судиите,29-28,28-29, 29-28)

Витор Миранда – Џејк Колиер (КО, Р1)

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО