Кличко не сака да се бори со Џошуа само за една титула

dejvid-hewj-i-klicko

Владимир Кличко нема желба да се бори со Ентони Џошуа само за појасот на Меѓународната боксерска федерација – ИБФ.

Менаџерот на Британецот, Еди Херн, објави дека супермечот е речиси договорен, но се покажа дека украинската легенда не е на истото мислење.

Кличко поставил услов за средбата да биде барем и за еден од појасите кои Фјури му ги одзеде пред речиси една година. Станува збор за титулата на Светската боксерска асоцијација. Фјури доброволно се откажа и од појасот на Светската боксерска асоцијација. Сепак, од асоцијацијата не биле подготвени за толку брзо решение. Уште повеќе, што очигледно, стандардната постапка ќе биде нарушена. Број 1 на ранглистата на ВБА е 37-годишниот Кубанец Луис Ортиз, а Кличко е број 2.

„Пред повеќе од една недела, заедно со екипата на Владимир, испративме официјално прашање дали во мечот може да учествува и Светската боксерска асоцијација. Се уште нема одговор, што значи дека се е во нивни раце“, појасни Херн.

Според првичните проценки олимписките шампиони Кличко и Џошуа треба да поделат нешто повеќе од 33 милиони евра. Износот може да се зголеми уште од приходите за телевизиските права. Се очекува билетите за планираниот меч на 10 декември во „Манчестер арена“ да се распродадат за неколку дена. Капацитетот на објектот е 21 илјади места.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО