Раде Стефановски:„Ноќ на вечните – засекогаш со вас“ – да не се заборават хероите!

Rade mu dava diploma na Znaor

Најголемиот „виновник“ што повторно македонската јавност ќе гледа голем ММА настан во Велес на 8 октомври е Раде Стефановски, предводник на Ценатрот за боречки спортови „Будо“ и организатор на „Ноќ на вечните – засекогаш со вас“.

Rade i drugite na pres2015-10-23 21.33.11
Стефановски ексклузвно за нашите читатели кажува што се ќе може да видат гледачите на најголемиот ММА настан во нашата земја.
„Одлични борби нешто не секојдневно, борби каде ќе се остави се за победа бидејќи целта е невообичаена се борат во чест за луѓе, херои за кои не постојат зборови да се опишат осумтемина кои го положија својот живот“, вели Стефановски.
Но, дали има фаворити и кои натпреварувачи конкурираат за борец на вечерта?
„Фаворити нема верувам дека сите ќе дадат повеќе од она што можат и самите да замислат“, категоричен е Раде.

plakat-za-mma-turnirot-vo-veles-2016

Да потсетиме дека минатата година турнирот се одржа под друго име, „Фајт најт чемпион 3, а годинава „Ноќ на вечните – засекогаш со вас“.
„Од оваа година официјално и традиционално ќе се организира ММА настан „Ноќ на вечните-засекогаш со вас“ , се со цел малку да придонесеме да не се заборави делото и имињата на припадниците на најелитните единици во Република Македонија“, објаснува поранешниот припадник на овие сили.

Znaor so specijalcite vo Veles
По овој повод како специјални гости, со посебна покана, се поканети најблиските на загинатите припадници. Исто така и министерот и заменскиот министер за внатрешни работи, како и директорот на Агенцијата за млади и спорт и градоначалниците на општините Велес и Чашка.

ММА турнир „Ноќ на вечните – засекогаш со вас“ ќе се одржи на 8 октомври во спортската сала „Гемиџии“ со почеток во 19 часот.

Организаторот има посебни награди за најдобриот борец на вечерта и за најборбениот пар.

Фјат-карта – „Ноќ на вечните – засекогаш со вас“:

-78 кг Мирза Сендиќ (МКД) – Изет Орлиќ (БиХ)

-84 кг Игор Лазаревски – Милош Јанчиќ (ЦГ)

-75 кг Ристе Гашев (МКД) – Јасмин Вршкиќ (БиХ)

-70 кг Филип Божиновски (МКД) – Анто Палавара (БиХ)

-63 кг Александар Заткоски (МКД) – Небојша Богдановиќ (ЦГ)

-72 кг Стефан Спасовски (МКД) – Маринко Зарубица (ЦГ)

-77 кг Стефан Пецевски (МКД) – Стефан Манчиќ (СРБ)

-77 кг Илија Андов (МКД) – Иван Скоко (ЦГ)

-70 кг Филип Стефановски (МКД) – Нино Шкрељ (ЦГ)

Ipon.mk/В.Д.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО