Мирза Сендиќ во Струга ќе дебитира во ММА и чека повик за турнирот во Велес

Mirza Senadik

Еден од подобрите македонски БЏЏ борци преминува во ММА!

Мирза Сендиќ е меѓу најуспешните натпреварувачи во БЏЏ од клубот Карлос Маиа, и е тренер на ММА клубот ,,Самураи” од Штип, ќе дебитира на аматерскиот ММА натпревар к во Струга во септемвфри. Треба да си одмери силите со искусниот, но и помлад ММА борец, Дардов Блаже, во категоријата до 77 килограми.

Дардов веќе има запишано една победа во ММА.

,,Се подготвувавам напорно и засега подготовките се одвиват во најдобар ред. Се надевам дека ќе прикажам добра бобра за публиката во Струга. Ако во Струга биде се во најдобар ред, очекувам покана и од Раде Стефановски за учество на турнирот во Велес во октомври, кој, според мое мислење, е најдобар во професионалното ММА во Македонија“, изјави Сендиќ.

Ipon.mk

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО