Олимписки игриЏудо
Со љубов за Русија: Хасан Халмурзаев го освои вториот златен медал за Русите во џудо

Рускиот џудит Хасан Халмурзаев ја освои олимписката титула во категоријата до 81 кг на Олимписките игри во Рио де Жанеиро. Во финалето 22-годишниот Русин со ипон го победи Американецот Тревис Стивенс.
Бронзениот медал и припадна на Таканори Нагано (Јапонија) и Серџиу Тома од Обединетите арапски емирати (ОАЕ).
Новиот олимписки шампион и на младинските олимписки игри беше шампион, а оваа година се закити и со европското злато. Тој и го донесе 11-и медал за Русија на Олимписките игри во Рио де Жанеиро и третиот на турнирот во џудо.
Од соседите во оваа категорија Бугаринот Ивајло Иванов го освои петото место.
– 81 кг
- Хасан Халмурзаев (Русија)
- Тревис Стивенс (САД)
- Таканори Нагано (Јапонија) и Серџиу Тома (ОАЕ)




