Историска титула за Мајлинда Келменди и за Косово на Олиписките игри!

Majlinda sampion

Мајлинда Келменди (-52 кгл) е оимписки шампион кој го освои првиот медал во првиот настап на Косово на Олимписките игри. Во финалето Келменди ја совлада Италијанката Одете Гифрида со еден јуко.

Kelmendi chop borba

Најдобрата џудистка во светот победоносниот поход во Рио де Жанеиро го почна во пулот „Ц“ во категоријата до 52 килограми, при што во првото коло беше слободна, а второто ја совлада Евелин Чоп од Швајцарија со ипон, додека во втирот настап Кристине Легентил од Маурициус и пружи достоен одбор, но загуби со три казнени поени наспроти еден за Малјинда.

Majlinda place od sreka

Келменди во полуфиналето беше подобра Мисато Накамура од од Јапонија со казнен поен, која до полуфиналето славеше над Цолмон Адијасамбу од Монголија и Наталија Кузиутина од Русија со ипон.

Во второто полуфинале се сретнаа Одете Гифрида од Италија исто така се пласира во финалето со казнен поен на противничката Јингнан Ма од Кина. Италијанката беше подобра од Германката Марен Краен со ипон и Андреа Читу од Романија со Јуко, додека Ма ги совлада Жоана Рамос со ипон и Ерика Миранда со вазари.

Klemendi so medalot i drugite

Бронзените медали и припаднаа на Кузиутина од Русија и Накамура од Јапонија.

Да потсетиме дека Келменди е поранешна светска и актуелна европска шампионка, а занимливо е тоа што до светското злато исто така дојде во Рио де Жанеиро – пред три години. Таа е број еден џудист на ранг листата на ИЏФ.

Bazile so medalot

Во категоријата до 66 килогрми шампион е Фабио Басиле од Италија, додека втор е Баул Ан од Јужа Кореа, а бронзените медали и припаднаа на Масаши Ебинума -Јапонија и Ришод Собиров – Узбекистан.

Видео од прогласувањето.

-52 kg
1. KELMENDI, Majlinda (KOS)
2. GIUFFRIDA, Odette (ITA)
3. KUZIUTINA, Natalia (RUS)
3. NAKAMURA, Misato (JPN)

-66 kg
1. BASILE, Fabio (ITA)
2. AN, Baul (KOR)
3. EBINUMA, Masashi (JPN)
3. SOBIROV, Rishod (UZB)

Ipon.mk

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО