Суспендиран е судијата што ја одби жалбата на Малдонадо, следи ново разгледување
Светската ММА асоцијација го суспендира судијата кој ја поништи жалбата на Фабио Малдонадо од исходот на борбата против Федор Емилијаненко. Причината е конфликтот на интереси.
Таквата одлука е всушност единсттвеното здраво и мудро решение, бидејќи за жалбата бил задолжен Радмир Габдулин, судијата кој е пријател и долгогодишен тренинг партнер на Федор. Тој категорично ја отфрли жалбата на бразилскиот борец, но се чини дека оваа ситуација не е завршена.
WMMMAA (светската ММА организација) одлучи жалба да ја додели на друго лице, а таа задача му ја доверија на Александар Енгелхарт, кој е задолжен повторно да ја разгледа целата ситуација и да донесе одлука.
Менаџерот на Малдонадо изјави дека сега се големи шансите исходот на битката да биде поништен и е задоволен што не треба да поднесат нова жалба, туку комисија реагираше сама. Во секој случај, ќе биде интересно да се види што ќе се случи и со каккво образложение.




