Нуров пак од готово направи вересија, Данов загуби – сивилото е комплетно во Зрењанин (ФОТО)

Nurov Zrenjanin kvalifikacii 2016 Oi

Уште еден во низата порази на квалификацискиот турнир за Олимписките игри во Рио за нашите борачи. Могамедгаџи Нуров (-97 кг) повторно од готово направи вересија.

Нуров против Полјакот Радослав Баран загуби со 4-2, иако водеше со 2-0. Нашиот борач поведе со 2-0, а потоа Полјакот намали на 2-1, па поведе со 2-3 и конечните 2-4.

Nurov-Radoslav Polska 4-2 OI Zrrenjanin

Од друга страна, беше забележливо дека на Нуров му недостасува севжина, што  е одраз на недостатокот на кондиција. Тој по секој зафат тешко се дигаше од душекот.

Бобан Данов во категоријата до 125 кг со 5-1 е поразен од Љубен Илиев од Бугарија.

Македонија направи скор од 4-0, односно четиримината наши борачи не успеаја да обезбедат олимписка норма, а притоа извојуваа само една победа и тоа во квалификациите Лабазан Аскербиев.

Ipon.mk/В. Д.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО