Арсовски ќе се бори за бронзен медал, му се провлече европскиот првак Битевиќ

Zarko Arsovski

Жарко Арсовски (+84 кг, Макпетрл) во полуфиналето на Карате 1 Премиер лига во Салзбург е совладан со судиско изјаснување од европскиот првак Слободан Битевиќ од Србија, иако борбата заврши 0-0. Арсовски ќе се бори за бронзениот медал, а се чини обезбеди и место во репрезентацијата за Европското првенство во Франција. 

Носителот на бронзените медали од Евопското првенство и Европските игри, Мартин Несторовски (+84 кг, Металург), е поразен во првиот настап на Карате 1 Премиер лигата од Белорусинот Алексеј Водчис со 1-0. Додека неговиот најголем конкурент за место во репрезентацијата за Европското првенство во Монпелје, Франција, Жарко Арсовски славеше против Илир Кабаши од Словачка со судиско изјаснување (0-0), Тарас Херчук (Украина) со 2-0, Данило Јекниќ (Србија) 0-0 победи на изјаснување. Во полуфиналето се сретна со европскиот првак Слободан Битевиќ (Србија) и средбата заврши 0-0, а судиите победата на изјаснување му ја доделија на Србинот.

Арсовски во репасажот има шанса да го освои бронзениот медал.

Во оваа категорија Мики Стојмановиќ (Макпетрол) прво го победи Александру Јонут Паун (Романија) 1-0, а потоа загуби од Богдан Трикос од Србија со 0-3. Емир Ќосовиќ (Металург) е поразен од Косовецот Херолин Нишевци со 1-0.

Во категоријата до 55 кг Симона Заборска (Макпетрол) загуби од Кетрин Кемпбел (Канада) 0-2, а Марија Матракоска (Ронин) од Бранка Аранѓеловиќ (Србија) 0-1.

Ipon.mk/В. Д.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО