АктуелноМеѓународна сценаММА

Насурдин Имамов: 100% мојата следна борба е за титулата против Шон Стрикланд

Претендентот во средна категорија, Насурдин Имамов, е уверен дека неговата следна борба ќе биде за титулата на УФЦ против шампионот Шон Стрикленд.

Французинот не се борел од минатиот септември, кога ја забележа петтата победа по ред, победувајќи на поени го Каијо Боралу. И покрај импресивната серија, не му беше дадена веднаш шанса за појасот, бидејќи УФЦ закажа борба за титулата меѓу Хамзат Чимаев и Стрикленд на УФЦ 328.

Откако Стрикленд го победи Чимаев и ја врати титулата, Имамов беше уверен дека тој е следниот прдизвикувач.

„Секако, мојата следна борба е за титулата. Пред борбата Стрикленд-Хамзат, сакав да се борам со Дрикус ду Плесис за да останам активен, но УФЦ ми кажа дека можам да се борам само за појасот. По борбата Хамзат-Стрикленд, 100% ќе се борам за титулата“, изјави Имамов за Џејден Кејбл.

За Французинот ова ќе биде можност да се одмазди за поразот од Стрикленд во 2023 година. Тогаш тие се сретнаа во полутешка категорија, а Имавов ја прифати борбата во последен момент.

Сепак, овој пат влоговите ќе бидат многу повисоки.

„Не ми се допаѓа. Не е добар човек. Секој ден зборува глупости. Веќе се тепавме и ме навреди повеќе од еднаш. Дури и во текот на неделата пред борбата со Хамзат, ме нарече терорист. Ова е таква глупост што не можете а да не посакате да му ја откинете главата. За мене, ова е многу лично. Мислам дека е единствениот борец во УФЦ со кого сè е толку лично“, рече Имавов.

Доколку УФЦ официјално ја потврди борбата, Имавов ќе ја добие првата можност во кариерата да се бори за шампионскиот појас во средна категорија.

Show More

Related Articles

Back to top button
IPON