АктуелноДомашна сценаКарате

Марко Џорлев е број 1 каратист во светот на ранг-листата на ВКФ

Марко Џорлев од КК Штип е број еден во категоријата до 63 килограми во кадетска конкуренција во светот на ранг-листата на ВКФ.

Џорлев со 1320 поени е на водечката позиција во оваа категорија, а Хрватот Филип Комарац е втор со 1240, додека Шимон Бунди од Полска е трет со 840.

Ќе посетиме дека Марко неодмана го освои златниот медал на Карате 1 Младинската лига во Пореч-Хрватска, што е прво злато за македонски каратист во оваа лига. Минатата година освои бронза.

Оваа година на Европското првенство за кадети, јуниори и У-21 во Лимасол, Кипар, го освои петтото место.

Show More

Related Articles

Back to top button
IPON