Фирас Захаби: Хабиб за една вечер ќе ги победи Топурија и Гејџи

Тренерот на легендарниот Жорж Сент Пјер, Фирас Захаби, даде импресивна оценка за Хабиб Нурмагомедов, наведувајќи дека Русинот би доминирал дури и во денешната елита на УФЦ. На својот Јутјуб канал Захаби го опиша поранешниот шампион во лесна категорија како борец кој е пред своето време.
„Мислам дека Хабиб е исклучителен. Беше одличен не само за своето време, туку денес би го победил секого“.
Според канадскиот стручњак, Нурмагомедов може да се справи и со актуелниот шампион Џастин Гејџи и со поранешниот носител на титулата Илија Топурија.
„Тој би го победил Гејџи токму сега. И би го победил Топурија“.
Захаби отиде уште подалеку, наведувајќи дека би се обложувал на Хабиб дури и ако треба да се бори за две шампионски борби во истата вечер.
„Доколку имаше борба од пет рунди меѓу Хабиб и Топурија, а потоа уште една борба од пет рунди помеѓу Хабиб и Гетџи во истата вечер, јас сепак би се обложувал на Хабиб“.
Хабиб Нурмагомедов се пензионира од професионалната ММА во 2020 година со совршен резултат. Во УФЦ забележа 13 победи без ниту еден пораз и ја одбрани титулата против имиња како Конор Мек Грегор, Дастин Пориер и Џастин Гејџи пред да ја заврши натпреварувачката кариера.



