АктуелноБКФЦБокс

Конор Мек Грегор ќе биде водител на ново шоу на БКФЦ за Фокс нејшн

Конор Мек Грегор можеби ќе биде надвор од акција додека се опоравува од операцијата на коленото, но тоа нема да го спречи да биде водител на нова натпреварувачка серија за БКФЦ, која треба да се емитува на Фокс нејшн во 2027 година.

Вчера БКФЦ официјално го објави „Најлошиот човек на светот“, нова документарна натпреварувачка серија во која ќе учествуваат борци од целиот свет кои се натпреваруваат на турнир во бокс со голи раце по олимписки нормативи. Мек Грегор, кој е и косопственик на БКФЦ, ќе ја води серијата и ќе биде истакнат во текот на целата емисија.

„БКФЦ ќе ги променипарвилата на играта во боречките спортови и не би можел да бидам повозбуден што соработувам со Фокс нејшн за да го лансирам турнирот „Најлошиот човек на светот“, рече Мек Грегор во соопштение за медиумите.

„Овој турнир ќе ги собере најтешките борци на планетата во вистински тест на срце, цврстина и волја. Горд сум што сум дел од нешто што ќе постави нов стандард за тоа што значи да се биде најопасниот човек на светот“.

Фокс нејшн ќе биде преносен партнер за серијата, чија премиера се очекува да се случи во летото 2027 година. Борците што ќе учествуваат во новата серија сè уште не се одредени, но турнирот ќе кулминира со финале во живо каде што победникот добива сè, кое ќе се емитува на Фокс нејшн.

Со новата серијал на БКФЦ, Фокс нејшн продолжува да додава боречки спортови во својата програма, откако веќе потпиша договор како преносувач на РАФ фајтинг.

Show More

Related Articles

Back to top button
IPON