Тајсон Фјури ќе се бори во Тајланд, но без телевизиски пренос

Поранешниот хегемон во тешка категорија, Тајсон Фјури, ќе ја одржи следната борба во Тајланд против 46-годишниот поранешен кандидат за светска титула Мариуш Вах, кој одамна стана типичен патник.
Најголемата карактеристика на борбата е што нема да има телевизиско емитување. Фјури донесе чудна одлука да ја прикаже борбата само во третата сезона на документарното реално шоу „Дома со Фјури“ на Нетфликс.
Во интервју за Плејбук бокс Херн рече дека Фјури првично требало да се бори на 1 август во Даблин против Нелсон Хиса.
„Не мислам дека навистина сакаше да се бори во вистинска борба. Мислам дека сакаше да спарира. Веројатно ги виде парите што му ги нудеа, а потоа реши да боксира во Тајланд“, рече Херн.
Фјури требаше во ноември да се соочи со големиот ривал Ентони Џошуа, кого го претставува Херн. Промоторот ја коментираше одлуката на Фјури на следниов начин:
„Без телевизиско емитување. На некој случаен стадион со капацитет од околу 1.500 луѓе. Во Тајланд. Против човек кој изгуби осум од последните десет борби. Но, токму тоа е Тајсон Фјури. Тој е бунтовник кој секогаш сака да ги прави работите на свој начин. Не му го замерувам тоа. Мислам дека само Фјури е способен да смисли нешто такво“.



